Повторно Blade Runner?

Повеќе... Режисерот на култниот нф филм Blade Runner, Ридли Скот, најави дека ќе се снима веб серијал поврзан со дејствието на овој филм кое ќе биде сместено во иднината, поточно околу 2019 година.

6449d.jpg

Режисерот на култниот нф филм Blade Runner, Ридли Скот, најави дека ќе
се снима веб серијал поврзан со дејствието на овој филм кое ќе биде
сместено во иднината, поточно околу 2019 година.

Ридли Скот ја најави својата работа на видео серијалот Purefold кој ќе биде инспириран од легендарниот Blade Runner. Серијалот ќе се состои од епизоди долги по 5 или 10 минути, наменети да се прикажуваат на интернет или на телевизија, а дејствието ќе се случува во иднината. Тоа ќе биде вистински семеен проект во кои ќе учествуваат Ридли, неговиот брат и колега – режисерот Тони и неговиот син Luke.

Иако се најавува поврзаноста со Blade Runner, станува збор за темата на истражување на концептот на човечноста и емпатијата. Во „Purefold“ нема да можеме да ги видиме ликовите од приказната на Blade Runner кои се преземени од романот „Сонуваат ли андроидите електрични овци“ на Филип Дик, бидејќи серијалот нема ни авторски права за тоа.

Но, целиот концепт се темели врз слободната циркулација на идеите. Проектот ќе се работи во соработка со продукциската куќа Ag8 која работеше и на интернетскиот ситком „Where are the Joneses?“. Авторите на овој серијал идеите за поединечните епизоди ги добиваа директно от публиката, а таков ист концепт ќе има и „Purefold“, кој предлозите за приказните ќе ги добива преку веб страницата FriendFeed.

{youtube}wpR6O8XAAE8&feature=player_embedded{/youtube}
Where are the Joneses? – веб серија

Посебно е интересно тоа што еден популарен режисер како што е Ридли Скот овој свој проект ќе го објави под лиценца на Creative Commons, што значи дека фановите ќе можат без да побараат дозвола да ги искористат епизодите од серијалот за какви било ремикси и измени и после тоа да ги објават како свој труд.

- Реклама -