Малори Смодерс од Арканзас е „обична“ млада мајка. Пред некое време, бебето и било болно – Малори претпоставува дека се борело со настинка. Го доела вечерта, го доела и утрото. Сосема случајно, забележала дека млекото изгледало многу поинаку.
Можеби во моментов сте малку гадливи, ама продолжете со читање.
Смодерс објаснува дека неодамна прочитала во некој медицински журнал дека млекото на мајката се менува во зависност од потребите на бебето, и тоа во повеќе аспекти од познатото варирање на калоричниот состав. Прочитала дека кога бебето цица, креира вакуум помеѓу устата и дојката, вакуум во кој се провлекува плунката од бебето во брадавицата на мајката.
Таму, рецепторите на мамарната жлезда го интерпретираат составот на бебешката плунка и детектираат ако во нејзината содржина има бактерии или вируси. А ако откријат дека нешто не е како што треба (дека бебето е болно или се бори со инфекција), телото на мајката всушност ќе го смени составот на имунолошката содржина на млекото, приспособувајќи ја на конкретните патогени на бебето, продуцирајќи соодветни уникатни антитела.
Смодерс добро прочитала. Една студија на тема Клиничка и пренослива имунологија, објавена во 2013-та, потврдува дека кога бебето е болно, бројот на леукоцитите (белите одбранбени крвни клетки) во млекото на мајката нагло се зголемува.
И така, Смодерс зачувала два примерока од млекото, за да ги воодушеви колегите луѓе. Поновиот примерок (по промената) е на десната страна, и многу потсетува на колострум – супер-млекото полно со антитела и леукоцити, што мајките го лачат првите неколку дена по породувањето (кога на бебето му се најпотребни).