Повредени три деца и мече во сообраќајка во тетовско, предупредување да се избегнува местото на несреќата

Доцна вечерва на локалниот пат Тетово – Непроштено патничко моторно возило удрило во млада мечка која го минувала патот заедно со поголема мечка и уште две помали мечиња.  Во возилото кое удрило во мечката се наоѓало локално семејство, татко, мајка и три мали деца. Од ударот сите биле под голем стрес, а децата се здобиле со лесни повреди, информора ЦУК.

Мечката во која удрило возилото била повредена, на почетокот безмалку неподвижна, а потоа со ограничени движења. Околу еден час подоцна почнала да се движи и постепено се оддалечила од местото на несреќата.

„Во овој момент големата мечка, најверојатно мајка на мечињата, со двете помали мечиња се наоѓа од десната страна на патот гледано од насока на Тетово кон Непроштено, додека повредената млада мечка се наоѓа од другата страна на патот. Се работи за урбана средина со повеќе куќи и голема раздвиженост на возила и луѓе поради што ги повикуваме надлежните институции да ги презедат сите неопходни дејствија со кои ќе се гарантира безбедноста на граѓаните но воедно ги повикуваме и невладините организации од оваа област да се вклучат во овој несекојдневен настан и да предложат мерки и постапки со кои ќе им се помогне на повредената млада мечка како и на големата мечка со двете останати млади мечки. Ги предупредуваме граѓаните да го избегнуват движењето на местото на несреќата како и непосредната околина или да бидат исклучително внимателни бидејки се очекува мајката да го бара своето младенче. Рано наутро ќе патролираат екипи на Националниот парк Шар Планина“, соопштија од ЦУК.

Од таму додаваат дека овој случај отвора многу прашања околу непрецизно дефинираните и испреплетени надлежности на институциите бидејки по несреќата ја разгледувавме можноста повредената млада мечка (или мече) да биде успиена со опојно средство а потоа преместена и згрижена на соодветно место, како на пример ЗОО Скопје, каде би и се пружила медицинска нега. Притоа до израз дошле повеќе формално-правни и функционални недостатоци.

Извор

- Реклама -