Професионален војник од касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец завршил во болница откако за време на неговата стражарска смена бил нападнат со камења.
С.М. најпрво забележал три лица кои дошле со патничко возило, и ги предупредил да се оддалечат од оградата на касарната бидејќи се работи за воен објект. Лицата почнале да фрлаат со камења, а потоа го напуштиле местото на настанот.
На војникот му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8 Септември“ и е пуштен на домашно лекување.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.