Повикал пријател на „Милионер“ и тоа…Ангела Меркел!

Сигурно ја паметите играта „Кој сака да биде милионер“, односно трите опции за помош: публка, 50-50 и повикај пријател.Епа во германското шоу, сите се забавуваат со учеството на познати личности, каде што во оваа емисија во главна улога бил  политичар од партијата ЦДУ, Волфганг Босбах.

Тој заглавил на прашањето за 500.000 евра кое гласело: Која била функцијата на позната машината за перење од времето на Источна Германија, позната како WM66 .

а) Таа можела да генерира електрична енергија за греење
б) Можела да се користи  за да се готви храна
в) Таа работела и како правосмукалка
г) Таа можела да прима радио сигнали од Западна Германија.

Тој за таа цел ја побарал на телефон, ни помалку, ни повеќе туку германската канцеларка  Ангела Меркел.

Прочитајте и:  Германија усвои закон со кој се овозможува административна промена на пол и име еднаш годишно

За жал Меркел не се јавила, но подоцна му испратила порака со содржина: „Не можев да се јавам, што е проблемот?“

- Реклама -