Здружението на уметници Културен цетар Медиа Артес ќе одржи тридневна интензивна работилница за имерзивен театар.
Работилницата која ќе се одржува викендов (22-24 март) е наменета за професионални уметници од различни дисциплини (актери, танчери, вокални изведувачи и музичари, ликовни уметници итн) со различен степен на искуство, како и за студенти по уметности.
„Особено важно е учесниците да имаат ентузијазам, желба и волја да учат, работат и да се надградуваат во областа на имерзивниот театар. Преку пракична работа и презентација на студии на случаи, работилницата има за цел учесниците да ги запознае со одредени пристапи и алатки за создавање имерзивни театарски искуства за публиката и заедницата. Во таа смисла 3-дневната интензивна работилница конкретно ќе се фокусира на практична демонстрација на алатките и уметничките пристапи кои ќе се користат во процесот на претстојното уметничко истражување и продукција на интердисциплинарниот перформанс со работен наслов ‘Ритуалот во современото општество’“, стои во повикот.
Работилницата ќе ја водат Јелена Вуксановиќ (Србија) и Јасмина Билаловиќ (Македонија), а свои предавања и презентации на конкретни студии на случаи ќе имаат и Алесандро Ола (Италија/Шпанија), Атила Антал (Србија/Унгарија) и Вишња Жугиќ (Србија).
Таа ќе се одржона следниве датуми и термини: петок, 22.03.2024 од 17:00-21:00 ч. сабота, 23.03.2024, од 10:00-17:00 ч. недела, 24.03.2023, од 10:00-17:00 часот во просториите на Центар – Јадро. Бројот на места е ограничен и како што велат организаторите, се очекува редовност на сите сесии во рамки на трите дена.
Рокот за пријавување е до 20 март (среда), а тоа може да се направи со пополнување на овој формулар.
„Тридневната интензивна работилница ќе биде и еден вид на аудиција-селекција преку која од учесниците во работилницата ќе бидат избрани 8 домашни уметници кои ќе бидат поканети да се приклучат на уметничкиот тим и да соработуваат во претстојниот процес на уметничко истражување и продукција“, се вели во повикот.
На тој начин, работилницата го означува почетокот на работата на перформансот “Ритуалот во современото општество”, кој ќе се одвива во неколку фази и локации, и тоа:
– 22ри-28ти МАРТ 2024, Скопје (почетна фаза)
– 17ти-24ти МАЈ 2024, Скопје (втора фаза)
– 20ти-28ми ЈУНИ 2024, Вевчани (финална фаза и изведба на перформансот)
Повеќе околу тоа прочитајте овде.
Работилницата за применет театар е дел од проектот „СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА-имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици“.