Што се крие во тајното мени на Samsung Galaxy паметните телефони?
Сопствениците на Samsung Galaxy телефоните имаат можност да добијат пристап до тајно мени што овозможува проверка на хардверот и функционалноста на телефонот.
Алатката за прв пат беше забележана од Android Central пред неколку месеци, а многу од сопствениците на Galaxy уредите сè уште не знаат за постоењето на оваа функција. За да пристапите до менито, потребно е да внесете * # 0 * # со тастатурата на телефонот, исто како што би вртеле на телефонски број.
Преку менито може да се тестираат вибрациите, боите, чувствителноста на допир, силата на звучникот и слично. Сепак, поголемиот дел од опциите се премногу технички за обичните корисници. Преку системот може да се направи и проверка на сензорите, па со притискање на функцијата „sensor“ ќе се отворат податоците за нивното функционирање.