Повеќе од 700.000 луѓе евакуирани поради поплава во Парагвај

Повеќе од 700.000 луѓе се евакуирани поради поплава предизвикана од поројни дождови во Парагвај.

v201392
Властите велат дека нивото на реката пораснало денес на 7,2 метри по неколку седмици упорно врнење, што е речиси највисоко ниво од 7,72 метри забележани во 1983 година.

Од државниот секретаријат за вонредна ситуација во Парагвај соопштија дека околу 72.000 луѓе ги напуштиле своите домови.

Се очекува да се зголеми бројот на луѓе кои ќе бидат погодени од поплавите ширум земјата, бидејќи расте нивото и на други реки во Парагвај.

Посебно се загрозени оние кои живеат во ниски и нехигиенски населби.

Голем број луѓе бараат прибежиште по камповите каде спијат во импровизирани шатори.

- Реклама -