Повеќе од 3.200 ракети испукани врз Израел од Газа, соопшти израелската армија

Палестинските милитанти испукаа повеќе од 3.200 ракети од Појасот Газа врз Израел за време на нивната голема офанзива, соопшти израелската војска.

Од саботата наутро биле испукани 3.255 ракети, изјави денеска портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ).

Додека Хамас ги започна ракетните напади од Газа во саботата наутро, вооружени Палестинци напредуваа во Израел по копно, море, па дури и воздух, по што почнаа израелски контранапади.

Борбите и гранатирањето продолжија денска. Хамас е класифициран како терористичка организација од ЕУ, САД и Израел.

МИА

Прочитајте и:  Трамп повика на брз прекин на војната на Израел со Хамас
- Реклама -