Кога Бог го создал човекот решил да го праша каков сака да биде. Човекот сепак се замислил и одговорил: „Не знам, не можам да одговорам веднаш. Треба да размислам, прашањето е многу важно… ”
Тогаш Господ рекол: „Добро, ќе ти помогнам да донесеш одлука. Дојди со мене. ”
Го фатил за рака и го повел кон морските длабочини. Таму му покажал убави школки кои лежеле на дното.
„Ако сакаш можеш да избереш живот како овој на школките. Ќе живееш на дното, опкружен од милиони такви како тебе. Ќе го јадеш она што ќе ти го донесе течението. Секој твој ден ќе личи на претходниот, а животот ќе ти помине тивко и мирно, без ризик и превирања. Нема да ти се наметнува да водиш битки, нема да те возбудуваат ниту победи, ниту порази. Ќе лежиш спокојно на дното и едноставно ќе се отвораш и затвораш. ”
Откако му го покажал на човекот животот на школките, Бог го повел кон планината. И таму му го посочил гнездото на орелот.
„Ако сакаш можеш да си избереш и друг живот – како на орелот. Ќе можеш да леташ кон небото и да достигнеш за малкумина достапни врвови. Таму нема да сретнеш многу како тебе. Понекогаш ќе се чувствуваш осамено. Но, секогаш ќе одлучиш сам каде и како да леташ. Ќе можеш да живееш онака како што сакаш. Ќе бидеш апсолутно слободен. Но цената за оваа слобода ќе биде тоа што ништо и никогаш нема да ти биде дадено на готово. За сето ова ќе треба да се бориш и да плаќаш, понекогаш со страдање и болка. ”
Од овој ден на земјата се појавиле многу луѓе кои го избрале животот на школки и помалку, кои го живееле животот на орелот.
Човекот секогаш има избор. Но, треба да знае каков сака да биде и да ги преземе сите последици од своите одлуки.