Новиот супер смартфон на Sony доби официјална потврда. Се работи за нов мега телефон со големина на екранот од 6.2 инчи, наместо претходно објавената информација дека Xperia Z Ultra ќе има рекордно голем екран од 6.5 инчи.
На овој начин Sony Xperia Z Ultra ќе се вмеша во трката на хибридните телефони како Samsung Galaxy Mega од 6.3 инчи, Huawei Ascend Mate и уште некокку други атрактивни модели. Оваа категорија зема се поголем замав и наоѓа на одличне прием кај купувачите.
Инаку се потврди и дека Sony Xperia Z Ultrа ќе работи на четири-јадрениот Qualcomm Snapdragon 800 процесор кој е најбрз на пазарот, заедно со 2 GB RAM, Adreno 330 GPU, додека оперативниот систем е на најновата верзија Android 4.2.2 Jelly Bean. Се очекува Xperia Z Ultra да биде официјално промовиран на 25 јуни.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk