Потрошил 4.000 долари за да му порача на градот ова:

Жител на Вермонт, САД, инспириран од жестокиот спор со градот Вестфорд, решил да ги земе работите во свои раце, па месецов подигнал прилично голема статуа од среден прст, за сите да можат да видат.

„Ми дојде преку глава и беше време да направам нешто“, вели Тед Пелки, кој ја изработил статуата од резбано дрво и ја поставил на висок пиедестал за да биде видлива и од патот во близина. На постолјето околу статуата поставил рефлектори, за да биде видлива и ноќе.

Го чинела 4.000 долари, а ја изработил од дрвен блок од 317.5 килограми дрво. Статуата е одговор на тековниот спор со градот кој ги блокира неговите планови да изгради голема гаража и да го пресели својот бизнис на својот имот.

- Реклама -