Потоната руска подморница испушта радиоактивен материјал на морското дно (ВИДЕО)

Тим истражувачи тврдат дека откриле истекување на радиоактивен материјал од старата нуклеарна подморница „Комсомолец“ на Советската морнарица, која потона во 1989 година и во моментов се наоѓа на морското дно на длабочина од околу 1.700 метри. Тимот објави и видео од некогашното пловило заринкано во длабочините.

Заедничкиот руско-норвешки научен тим спроведувал рутински експерименти и мониторинг на потопената подморница, кога еден од примероците на морската вода се покажал позитивен на тестот за зголемено ниво на радиоактивност. Во еден од трите примероци земени од вентилациската цевка на подморницата, измерено било ниво на радијација 100.000 пати поголема од онаа на обичната морска вода.

 

Резултатите се прелиминарни и дополнително и детално ќе се анализираат кога ќе бидат вратени во копнените лаборатории, истакнува Хилде Елис Хелдал од норвешкиот Институт за поморски истражувања.

Ова не е првпат подморницата да протекува радиоактивен материјал. Во 2007 година, руска експедиција исто така детектираше скок во нуклеарната емисија.

Подморницата потона на 7 април, 1989 година, откако изби пoжap во собата со моторот. Зaгинaa 42 од вкупно 69 членови на екипажот, додека останатите беа cпаcени од норвешки рибарски бродови, но дури по неколкучасовна бopба за живoт во ледените води. Тоа е воедно и една од најголемите поморски тpaгeдии во Советската историја, пренесува Russia Today.

- Реклама -