Во септември, приватна компанија од САД, Joule Unlimited, добила патент за генетски адаптирана бактерија ешерихија коли која се храни само со јаглерод диоксид и испушта течни хидрокарбонати: дизел и бензин.
Од компанијата велат дека оваа нова технологија може да обезбеди обновливи резерви на течни фосилни горива речиси секаде на Земјата, во неограничени количини. Тие предвидуваат дека односот помеѓу цената и енергетскиот потенцијал би бил еквивалентен на 30 американски долари за барел сурова нафта.
Но ова не се биогорива, не во вообичаената смисла. Оваа технологија нема потреба од користење на биолошки материјали, како пченка, дрва, ѓубре или алги. Покрај гладните микро организми, потребни се само јаглерод диоксид, вода, слатка или солена, и сонце за производниот процес. Користејќи ги овие елементи бактериите го имитираат процесот на фотосинтеза, компанијата дури и го опишува процесот како „вештачка фотосинтеза“.
Од Joule велат дека во моментов имаат „библиотека“ на организми за фосилни горива кои работат во лабараториите во Масачусец, секој организам адаптиран за прозведување на различно гориво. Процесот е докажан и претставниците велат дека компанијата веќе може да создава 37.854 литри етанол по 4046 метри квадратни годишно. Тие очекуваат дека ако започнат со комерцијално производство, бројката може да се зголеми и до 94.635 литри по 4046 метри квадратни годишно годишно, што е еквивалент на околу 800 барели. Колку за споредба, Дејвид Пиментел, од Универзитетот Корнел, кој е авторитет за етанол, вели дека од 4046 метри квадратни пченка се добиваат околу 328 барели годишно.
Претставници на компаниајта велат дека нивната технологија го прави производството на течни фосилни горива 50 пати поефикасно од конвенционалното производство на биогорива и елеминира до 90 проценти од емисиите на јаглерод диоксид. „Бидејќи се потребни само сончева светлина и отпаден јаглерод диоксид, оваа технологија може да произведува неограничени количини на фосилни горива без зависност од суровини, земја која може да се користи за земјоделие или слатка вода. Оваа технологија ќе овозможи крај на опасностите поврзани со пумпање нафта од земјата и нејзиното рафинирање“. [A brave new world of fossil fuels on demand]