За да имате добра потенција и вашиот сексуален живот да биде на задоволувачко ниво, морате да ослабите – вака тврди група на италијански научници. Сексот е поквалитетен од страна на слабите мажи и слабите мажи имаат многу помали проблеми со потенцијата – истакнуваат експертите.
Научниците направиле испитување во кое вклучиле 100 мажи со прекумерна телесна тежина. Оваа испитувачка група имала проблеми со потенцијата. Сите испитаници биле подложни на низа вежби за слабеење за да можат што побрзо да ги изгубат килограмите.
Резултатите од ова истражување јасно покажалe дека повеќе од една третина од испитаниците повеќе немале проблеми со ерекцијата, а кај добар дел од нив забележале видни подобрувања.
Прекумерната телесна тежина води до многу здравствени проблеми, но ова е уште една причина да поработите малку повеќе на својот изглед.
Објавено во соработка со За Здравје.