Постојаната сексуална возбуденост кај жените е ретко сексуално пореметување при кое некои жени доживуваат и по 300 оргазми во текот на денот.
Синдромот на постојана возбуденост за прв пат е дефиниран и забележан во 2001-ва година од страна на д-р Санда Леблум. Опишан е како возбуденост без чувствување на желба за секс. Со цел да се ослободи од тензијата во телото, жената мора да доживее оргазам. За жал, жената само привремено се релаксира додека тензијата повторно не се појави и повторно не се доживее оргазам.
Со секој оргазам, сензациите кои што ги чувствува жената се сѐ посилни и секој нареден пат е сѐ потешко да се достигне врвот на задоволството. Некои жени пријавиле дека имаат и по 300 оргазми во текот на денот. Исто така, возбуденоста може да трае и по неколку недели.
Во голем дел од случаите, жените чувствуваат фрустрација наместо задоволство од форсираната мастурбација. Оние кои што се наоѓаат во таква ситуација велат дека се чувствуваат како да се силувани од сопственото тело. Пореметувањето не е нимфоманија и нема поврзаност со либидото. Проблемот лежи во гениталиите кои што примаат лоши пораки од мозокот.
Жените кои што патат од постојана сексуална возбуда се на различна возраст. Некои од нив се во менопауза, додека други имаат нормален менструален циклус. Во основа, тие ја кријат својата состојба поради срам и страв дека луѓето кои што ги опкружуваат нема да можат да ја сфатат природата на нивната постојана возбуденост.
Многу од жените кои што го имаат ова пореметување ја кријат својата состојба и од партнерот поради страв од неговата реакција. Негативните ефекти се огледуваат и во недоволен сон и недоволна ментална и физичка сила. Кај некои, се јавуваат и самоубиствени мисли. Социјалниот живот е уништен и недостатокот на сон и постојаната потреба за мастурбирање претставува закана и за работното место.
Најверојатната причина за појава на постојана возбуденост е абнормалното функционирање на нервите во лимбичниот систем на мозокот. Ова пореметување може да се предизвика и со употреба на одредени дроги. Симптомите помеѓу жените кои што патат од ова пореметување многу малку се разликуваат.
Многу е тешко да се одреди соодветниот третман поради тоа што точната причина за појава на пореметувањето сѐ уште не се знае. Исто така, проблемот не може да се согледа во целост поради недостатокот на знаење за прогресот на пореметувањето со тек на времето. Причините за недоволното знаење лежат во многу малиот број пријавени случаи и недоволното истражување на проблемот. Имено, само неколку жени го пријавиле проблемот кај својот доктор, додека повеќето други се срамат и мислат дека се сексуално абнормални или дека имаат преголемо либидо.
За лекување, некои користат антидепресиви. Во некои екстремни случаи, докторите користат електрошокови кои што предизвикуваат многу несакани ефекти, како што е загуба на меморијата, додека позитивните резултати се минимални. Многу од пациентите и на своја рака бараат нешто што би им помогнало да ја олесни болката, стресот и непријатното чувтство.