Научниците од Универзитетскиот колеџ во Лондон утврдиле генетска врска меѓу способноста на детето да чита и неговата љубов кон математиката, објави списанието „Нејчр комуникации”.
Според експертите, околу половина од гените кои се одговорни за математичките способности, играат важна улога и за љубовта кон читањето. Во истражувањето научниците користеле податоци за 12-годишни деца од 2500 британски семејства.
Специјалистите ги анализирале способностите на децата да читаат побрзо и да ги асимилираат и разбираат прочитаните информации. Освен тоа им поставувале прашања по математика од стандардната наставна програма.
Потоа научниците ги споредиле резултатите од тестовите со генетските податоци, кои што им овозможија да направат заклучок за постоечката врска.