Постои голема веројатност Џихади Џон да е убиен

Американските сили нанесоа удар против еден од најбруталните убијци на “Исламската држава” во Сирија, а висок воен извор изјави дека “со висок степен на безбедност” може да каже дека британскиот џихадист е убиен, јави ВВС.
Британецот Мухамед Емвази познат како Џихади Џон беше баран, откако се појави во неколку видеозаписи со обезглавување на западни заложници на “Исламска држава”.

„Американските сили извршија напад во Рака, мета беше Мухамед Емвази, познат како Џихадистот Џон. Британецот учествувал во снимки на кои се прикажани убиства на новинарите Стивен Сотлоф, Џејмс Фоли, Кенџи Гото и хуманитарецот Абдул Рахман Касига, Дејвид Хејнс и Алан Хенинг.

Ги чекаме резултатите од нападите, се наведува во соопштението на Пентагон“, стои во соопштението на Пентагон.

Емвази првпат во јавноста се појави во август 2014, како егзекутор на американскиот новинар Џејмс Фоли, кој претходно е киднапиран во Сирија.

- Реклама -