Уште од настанокот на универзумот, тој постојано се проширува, исто како што балон се полни со воздух. Според сите претпоставки, тоа требаше да трае вечно. Но, неколку физичари од Универзитетот Калифорнија тврдат оти постоењето ќе заврши и тоа за време на животниот век на Земјата.
Уште од настанокот на универзумот, тој постојано се проширува, исто како што балон се полни со воздух. Според сите претпоставки, тоа требаше да трае вечно. Но, неколку физичари од Универзитетот Калифорнија тврдат оти постоењето ќе заврши и тоа за време на животниот век на Земјата.
Рафаел Бусо и неколку негови соработници од Универзитетот Калифорнија тврдат дека сите претпоставки за вечноста на универзумот всушност се неточни и им противречат на законите на физиката. Според нивните пресметки, постоењето, барем во формата во која го познаваме денес, ќе заврши еден ден – најверојатно во рамките на животниот век на Земјата.
Нивните аргументи се едноставни, но многу моќни. Според нив, доколку универзумот вечно се шири (и вечно постои), тогаш секој настан што може да се случи, ќе се случи и тоа ќе се случи бесконечен број пати. А кога постојат бесконечно многу варијации на еден настан, тогаш станува невозможно да се одреди веројатноста кој било од тие настани некогаш да се случи. Тогаш законите на физиката престануваат да важат. Ова е познато како „проблем на мерливоста“ или „вечна инфлација“.
Единствен начин универзумот повторно да добие смисла, при ваква поставеност е ако некаде помеѓу оваа точка во времето и вечноста (во кој било момент отсега натаму) се случи катастрофален настан што ќе му стави крај на сето постоење, барем во формата во која што го познаваме. Веројатноста од случувањето на некаква катастрофа во блиска иднина е астрономски мала, но постојат 50% шанси тоа да се случи некаде во следните 3,7 милијарди години, што значи некаде во текот на животниот век на Земјата и Сонцето.
Сепак, тие не можат да предвидат каков катастрофален настан ќе му стави крај на постоењето. Се знае само дека тој нема да може да се набљудува (во другите делови од универзумот), затоа што нема да може да се предвиди. [Time Likely To End Within Earth’s Lifespan, Say Physicists]