Постерите на протестите во Париз во 1968 година

paris68[1]

Пред околу 48 години, во мај, во Париз крчкаше револуција. Насилните улични борби во Латинскиот Кварт го превртеа градот наопаку и ја доведоа целата земја до застој. Многумина се шегуваат дека Французите многу сакаат да протестираат и дека одат на штрајкови како да им е дневно хоби, но во мај 1968 немаше многу простор за шега. Серијата од навидум безопасни студентски протести речиси доведе до старт на граѓанска војна во Франција.

Во пикот на хаосот, целата економија на Франција и самата национална влада беа во виртуелен застој. Протестите стигнаа до степен што политичките лидери се исплашија од граѓанска војна или од втора револуција, а претседателот Шарл де Гол дури и тајно побегна од земјата на неколку часа.

Да се сумираат настаните од 1968 во Париз и да се посочи за што точно беа протестите не е лесно како да се објаснат некои други историски славни примери на цивилен бунт. Парижани добро ги паметат, но ни тие немаат брз одговор околу дефинитивната причина за тоа зошто се случија немирите.

Демонстрантите беа сочинети од цел дијапазон на левичарски групи; беа анти-капиталисти колку што беа и анти-комунисти. Имаше социјалисти, анархисти, маоисти и марксисти. Некои критичари милуваат да речат дека тоа биле едноставно адолесценти со побеснети хормони, бунтувајќи се против старомодните традиционални вредности на нивните родители.

Во меѓувреме, иако настаните прејдоа во насилство, тие имаа и уметички и „фестивалски“ аспект, придружен со жестоки – во смисла „страстни“ – дебати и гласен израз преку музика и уменост.

AtelierPopulaire-Mai68_2[1]

Atelier Populaire беше група од марксистички уметници и студенти по уметност, кои во настаните од мај 1968 ја окупираа École des Beaux-Arts (една од најпознатите уметнички школи фо Франција) и создадоа илјадници постери за потребите на демонстрациите.

MarcRiboud-Mai68-AtelierPopulaire_2[1]

MarcRiboud-Mai68-AtelierPopulaire_1[1]Никогаш немаше потпишан индивидуален уметник – секое дело беше гласано од Советот на движењето и третиран како уметничко дело на целиот колектив.

MarcRiboud-Mai68-AtelierPopulaire_3[1]

Постерите и слоганите од Париз 1968 и ден денес се чуваат во француските архиви. Дури и да не знаете француски, тоа нема да ве спречи да ја согледате нивната уметничка вредност, но и нудат подетален увид во тоа зошто беа лути парижани. Ќе се обидеме да ги преведеме најдобро што можеме:

Биди млад и заќути.
Биди млад и заќути.
Зарем не сме добредојдени во сопственото соседство?
Зарем не сме добредојдени во сопственото соседство?
Да продолжиме да се бориме! Капитализмот се тетерави
Да продолжиме да се бориме! Капитализмот сé уште е свесен
Хитлер со маска од Шарл де Гол
Хитлер со маска од Шарл де Гол
Оди си, Никсонова чумо!
Оди си, Никсонова чумо!
Францијо, еве ме доаѓам!
Францијо, еве ме доаѓам!
Убавината е на улица.
Убавината е на улица.
Кугла ги руши големите политички партии, меѓу кои и партијата на Шарл де Гол и Комунистичката партија
Народната кугла ги руши големите политички партии, меѓу кои и партијата на Шарл де Гол и Комунистичката партија
btv1b90183641[1]
Слобода на информацијата
Вратете се во нормала (се охрабруваат луѓето да не попуштаат)
Вратете се во нормала (се охрабруваат луѓето да не попуштаат)
Да се работи во денешно време е како да се работи со пиштол во грбот
Да се работи во денешно време е како да се работи со пиштол во грбот
Јас учествувам, ти учествуваш, тој/таа учествува, ние учествуваме, вие учествувате, тие профитираат
Јас учествувам, ти учествуваш, тој/таа учествува, ние учествуваме, вие учествувате, тие профитираат
btv1b9018379g[1]
Полицијата ти зборува секоја вечер во 20 часот (ORTF беше француска државната радио-телевизиска агенција) 
Постерот имплицира дека полицијата е толку брутална што се однесува како да е тазе пуштена од психијатриска клиника
Постерот имплицира дека полицијата е толку брутална што се однесува како да е штотуку пуштена од психијатриска клиника
Ослободете ја државната радио и телевизиска мрежа
Ослободете ја државната радио и телевизиска мрежа
Сите популарни наслови на весници, обележани со „отров“
Сите популарни наслови на весници, обележани со „отров“
Отровот на медиумите
Отровот на медиумите
Силуета на Шарл де Гол додека ветува реформи со злобна и лажлива насмевка
Силуета на Шарл де Гол додека ветува реформи со злобна и лажлива насмевка

 

 

 

- Реклама -