Пост-воените згради на Берлин

berlin-brutal-16

Во својата колекција Stacked, Малте Брандебург – фотограф од Копенхаген, е во потрага по нон-конформизмот меѓу пост-воените станбени згради на Берлин.

Во почетокот, овие згради претставуваа модерно и ценовно достапно живеалиште за семејствата од средната класа. Со олеснувањето на пазарот на недвижности и неколку други финансиски иницијативи, се случи постепена демографска промена: средната класа ги напушти зградите и за свој нов дом одбра куќи во предградието или апартмани во популарните “Berliner Altbau” (стари луксузни згради) во центрите на градовите, а на нивно место се вселија семејствата што трпеа економски или социјален товар.

Така пост-воените згради на Берлин. од големо подобрување во животите на Берлинци – се претворија во жаришта на социјални проблеми, и покрај тоа што неколку од овие згради добија уште повеќе популарност од порано.

Во последниве години постојат разни иницијативи за да се ублажат негативните ефекти. Од архитектонска гледна точка, зборуваме за обојување на фасадите на овие инаку мошне сиви градби.

Во меѓувреме, луѓето продолжуваат да живеат во нив, натрупани едни врз други (оттаму и насловот Stacked на фото-колекцијата).

berlin-brutal-1024x1024 berlin-brutal-16 berlin-brutal-15 berlin-brutal-14 berlin-brutal-13 berlin-brutal-12 berlin-brutal-10 berlin-brutal-9 berlin-brutal-8 berlin-brutal-7 berlin-brutal-6 berlin-brutal-5 berlin-brutal-4 berlin-brutal-3 berlin-brutal-2 berlin-brutal-1

- Реклама -