Посна торта со бело вино

Посните десерти се најлесни за правање. Сѐ што треба е да се „наоружите“ со ореви, шеќер, брашно и некои едноставни додатоци и секогаш ќе имате вкусен десерт. За денеска ви предлагаме да подготвите посна торта со бело вино.

Состојки: 2дл бело вино, 450г шеќер, 1.5дл зејтин, 300г брашно, 1 прашок за пециво, кора од еден лимон, 1дл кисела вода, лажица какао, 300г мелени ореви, 200г локум, 200г џем од кајсии или шипки

torta

Подготовка: Во тенџере на оган ставете ги виното, зејтинот и 200 грама шеќер, па додајте го брашното во кое претходно сте ги додале прашокот за пециво, изренданата кора лимон, киселата вода, малку обична вода, какаото и 100 грама мелени ореви.
Изедначете ја смесата постојано мешајќи, тргнете од оган и поделете ја на четири дела. Од секој дел растегнете во плех и испечете го во загреана рерна. Оставете корите да се оладат, а во меѓувреме помешајте 250 грама шеќер со 2 дл вода и додајте го локумот, ставете на оган да се стопи. Потоа додадете го остатокот од оревите, измешајте и оставете да се олади. Секоја кора премачкајте ја со џем, па со филот. Најдобро е да се послужи еден или два дена по подготовката.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Добар апетит!

- Реклама -