Ако немате силен стомак ич не читајте.
Новинарскиот прилог почнува навидум вообичаено, со камион со искршена шофершајбна паркиран крај патот некаде во Ел Салвадор. Репортерката пренесува дека се случила сообраќајка и дека бил удрен човек. И одеднаш прилогот се вивнува во невидени височини (или поточно, дна): Веќе во следниот кадар го покажуваат удрениот човек, како полугол лежи во згрчена позиција. Еден рандом тип го фаќа за нозе и го преместува, веројатно за подобро да го фати камерата. И после следува интервју:
– Ме удрија и многу ме боли, одвај изустува човекот.
– Не го виде возилото? – го прашува новинарката онака професионално ладнокрвно, како да е сведок.
– Не – пак низ болка одговара човеков.
– Сакаш да те однесеме во болница?
– [се витка и грчи] Не… – очигледно во бунило одговара повредениот.
Тоа не може да се види на снимката, ама претпоставуваме дека на последниов одговор ѝ светнуваат очичките на новинарката, бидејќи го сфаќа како зелено светло да продолжи со интервјуто:
– А ти, каде одеше? – го прашува.
Човеков веќе почнува тотално да се губи и да не ја регистрира, и одговара со „М?“. Новинарката му го поставува истото прашање уште еднаш, како да е п**** м**** битно. Човеков тотално изгубено одговара: „Во болница…“.
Очигледно никој не го сфаќа хинтот, па следуваат уште неколку снимки од возилото, па изјави од сведоци, па изјава и од шоферот, сето тоа со повремени кадри од човеков што бавно им умира крај нозете. Сé на сé, фино и професионално скоцкан новинарски прилог. Браво за новинарката, ваљда.
https://youtu.be/rrakQ819cfk
Патем, малку подоцна, полицијата соопштува дека човеков им подлегнал на повредите.