На интернет се појавија зборови кои се претпоставува дека ги изговорил Стив Џобс во болничката соба.
Стилот е убиствено сличен со брилијантниот говор на Џобс пред студентите на Универзитетот Стенфорд, кои се користат масовно како цитати.
„Успеав да го постигнам врвот на успехот во светот на бизнисот. Многумина сметаат дека мојот живот е олицетворение на успехот, но богатството е само факт на животот, кон кој јас едноставно сум успеал да дојдам.
Во моментов лежам на болничкиот кревет и се сеќавам на целиот живот. Сега сфатив дека богатството и признанијата со кои се гордеам ја изгубиле оригиналната вредност пред лицето на претстојната смрт.
Кога во темница ја гледам зелената светлина што доаѓа од апаратот за одржување во живот, и го слушам карактеристичниот механички звук, јас го чувствувам приближувањето на смртта и дишењето на Бог.
Во животот има многу поважни работи од парите. Можеби за некој тоа се односите, за друг – уметноста или детските соништа …
Постојаната трка за корист го претвора човекот во марионета. Тоа се случи и со мене. Бог ни дал чувства, за да можеме да им ја покажеме својата љубов на најблиските.
Богатството што сум го стекнал во животот, не можам да го земам со себе. Сè што ќе повикам со себе се само спомените поврзани со љубовта. Еве ова е вистинско богатство, кое треба да ви дава сили да продолжите напред.
Љубовта е во состојба да надмине огромни растојанија. Животот нема граници. Достигнете ја висина кон која чекорите. Одете таму каде што ви вели срцето. Сето ова е во ваши раце.
Имајќи пари, ќе можете да најмите еден куп луѓе кои ќе ве возат, ќе прават нешто завашиот дом или за вашата работа, но никој нема да ги земе вашите болки при срце.
Материјалните нешта кои ги губиме можат да се најдат, да проработат или да се заработат. Но, постои едно нешто што никогаш нема да го најдеш, ако си го изгубил. Тоа е животот.
Не е важно колку години имате и што сте постигнале. За сите нас ќе настапи денот кога завесата ќе падне …
Вашето богатство – тоа е љубовта кон семејството, саканите, блиските, пријателите …
Внимавајте на себе. Грижете се за другите“.