Владетели, писатели, композитори – без разлика колку голем е човекот, смртта не одминува никого.
Излегува дека, сепак, колку поинтересен е нечиј живот, толку поинтересни се и зборовите со кои се завршува животот.
Еве што рекле некои од најзначајните личности во историјата на смртна постела.
Во последен момент пред смртта Леонардо да Винчи извикал: “Јас ги навредив Бога и луѓето! Моите дела не ги достигнаа височините, кон кои што се стремев“.
Моцарт : „Вкусот на смртта е на моите усни … Чувствувам нешто што не е од овој свет.“
Композиторот Густав Малер умрел во својот кревет, диригирајќи му на замислен оркестар. Неговите последни зборови биле „Моцарт!“.
Познато е дека на смртната постела Гете рекол: “Повеќе светлина!”, но малку е познато дека пред тоа тој го прашал докторот колку му останува да живее и кога го слушнал одговорот: “Еден час”, поетот воздивнал и прошепнал : “Фала му на Бога, само еден час …”
Виктор Иго : “Ова е битка на денот и на ноќта. Гледам црна светлина.”
Нерон : “Каков голем уметник умира!”
Во своите претсмртни маки познатиот крал на Англија Хенри VIII рекол: “Круната загина, славата си отиде, душата исчезна …”
На својата смртна постела Алфред Хичког рекол: „Човекот никогаш не го знае крајот. Човек мора да умре за да дознае што се случува по смртта, иако католиците имаат свои надежи.“
Последните запишани зборови на Џорџ Орвел биле „На педесет сите го имаат лицето кое го заслужуваат.“ Тој умрел на 46 годишна возраст.