Документарниот филм „Последниот каубој“, во кој македонски копродуцент е „Круг филм“, ќе ја има својата светска премиера на 30 тото издание на Сараевски филмски фестивал, што ќе се одржи од 16 до 22 август.
![](https://365.com.mk/wp-content/uploads/2024/08/fb_img_1723057120944-819x1024.jpg)
Режисер на филмот е Тадеј Чатер од Словенија. Филмот ја раскажува приказната на славниот каубој од Бјелина, Хари Џексон – што го живеел својот сон да биде каубој и да снима филмови за каубои. За него велат дека го сонувал својот сон и во исто време си го отсонувал својот цел живот. Тој го сменил и својот идентитет од Аљуш Мусли до Хери Џексон.