Последниот филм на актерот Робин Вилијамс „Boulevard” може и да не се појави никогаш на големиот екран.
Вилијамс го опишуваше филмот како „убав, но тажен филм”, кој сепак можеби гледачите никогаш нема да го видат поради проблеми со наоѓање на дистрибуција.
Во филмот Робин Вилијамс го игра Нолан Мек, средовечен човек, оженет, кој се бори со својата сексуалност, пред да се заљуби во жиголо хомосексуалец. Кети Бејкер игра сопругата на Вилијамс, а Роберто Агејро е Лео – жиголо, во кој Нолан се вљубува.