Последни два дена во регион на Гостивар приведени 4 лица барани со потерница

Во последните два дена на гостиварското подрачје биле приведени четири лица барани со потерница за издржување казна затвор. Во продолжение информацијата од СВР Тетово за овие приведувања.

На 11.10.2024 во 10.30 часот во Врапчиште, полициски службеници од Полициското одделение Галате го привеле У.Е.(64) од Врапчиште, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 11.10.2024 во 15.40 часот во Градец, полициски службеници од Полициското одделение Галате го привеле М.А.(47) од Градец, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 11.10.2024 во 02.50 часот на булевар „Браќа Ѓиновски” во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле М.Р. (25) од Кичево, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна казна во траење од девет месеци за сторено кривично дело „телесна повреда”, казниво по член 131 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа за Затвор Битола за издржување на казната.
На 10.10.2024 во 17.45 часот на улица „18 Ноември” во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле М.Н.(43) од Гостивар, кој бил баран по потерница врз на судска наредба за издржување на затворска казна. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Извор