Утре (28 декември) во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се случи осмата „Поетска епизода“ во организација на младинската неформална организација за култура „Култура Бета“.
На последното издание за оваа година поезија ќе настапат поетите Николина Андова Шопова, Емануела Ковачевска Китановска, Драган Атанасов, Милена Сиљановска и Никола Наумовски, Дарија Јовановска, Андреј Анѓеловиќ и Вероника Димоска.
Настанот ќе го модерираат Ивана Јовановска и Андреј Медиќ Лазаревски, а е организиран со поддршка на Europe House Скопје.
Воедно, ова е и последен настан на „Култура Бета“ за оваа календарска година со што и се затвора серијата културни настани што ги организираше ова здружение меѓу кои се случија пет поетски читања, започна мултимедијалното книжевно читање „Клинци“, две изложби на Марија Јаќовска и Тамара Блажевска и промоција на албумот „Еј, шо прајш таму!?“ на Кенопсија.