Островот наречен Холандија е лоциран во заливот Чесапик, во Мериленд, САД. Името го добил според првиот тамошен сопственик, Даниел Холанд, кој го населил островот некаде во 1600 година. Од 1850 година, голем број на земјоделци и риболовци се преселиле на островот Холандија. Во 1910 година, островот броел 360 жители, 70 куќи, училиште, пошта, црква, неколку продавници, свој безбол тим, итн…
Меѓутоа, во последните неколку децении, зголеменото ниво на околните води и лизгањето на земјиштето во морето предизвикале потопување на речиси целиот остров, па земјената површина која некогаш беше долга речиси десет километри, а широка 2.5, веќе не постои.
Жителите на островот Холандија биле принудени да го напуштат, а министерот Стивен Вајт кој израснал тука, изградил камена спомен куќа во која инвестирал 70.000 долари. Нејзината изградба била со цел да се креира Фондацијата за зачувување на островот Холандија.
Во наредните 15-на години, тој потрошил уште околу 150.000 долари, вложувајќи напори да ја заштити куќата од природата, штитејќи го брегот со вреќи со песок, дрво, па дури ставил и еден стар брод.
Но, трудот на Вајт бил залуден. Во 2010-та година, оваа куќа подлегна на волјата на природата, со што беше уништена и последната градба на островот Холандија.