После написите дека повеќе нема да има X factor, се огласија и продуцентите

Одложувањето на последната емисија на X factor поради колективен грип, поттикна бројни озборувања во јавноста дека повеќе нема да го гледаме ова шоу, поради проблеми со лиценцата.

После бројните натписи во медиумите сепак се појави продукцијата на шоуто, која го демантира ваквиот став.

Во соопштението се објаснува дека не постои никаква промена на плановите поврзани за популарното шоу, што значи X Фактор нема да го гледаме во изменета или скратена варијанта .

До следниот вторник 🙂

 

- Реклама -