После клонираната камилата, што е на ред?

Повеќе...

На осми април во лабораторија во Дубаи во Центарот за репродукција на камили се роди женката Инџаз – првата клонирана камила во светот!

kamila.jpgНа осми април во лабораторија во Дубаи во Центарот за репродукција на камили се роди женката Инџаз – првата клонирана камила во светот!
"Ова е првата клонирана едногрба камила во светот и сите му се радуваме на нејзиното раѓање" – истакнал директорот на Централната истражувачка ветеринарна лабораторија. Проектот е финансиран од дубајскиот шеик Мохамед бин Рашид ал-Мактоум, инаку познат сопственик на светски водечки тркачки коњи. 
Камилите се многу корисни за производство на млеко и трки, а за тимот научници ова се шанси да ги зачуваат гените на камили кои се водечки во давање на млеко, а секако и во трките.

За клонирањето им биле потребни цели пет години. Во центарот во 1998 година успешно биле вкрстени камила и лама чие бебе е наречено кама. 
Првото клонирано животно во светот е родено во 1996 година во Британија – овцата Доли, која живеела сѐ на сѐ шест и пол години, а оттогаш клонирани се и други животни, вклучувајќи и коњ и куче, но не и камила.
- Реклама -