Што се случува со нашето тело ако цела недела јадеме само пици и плескавици?

Што се случува со нашето тело ако цела недела јадеме само пица?

Замислете по цел ден да лежите во креветoт и да внесувате пица и хамбургери, додека читате или гледате нешто интересно.

Секој имал периоди кога го фаќала тотална мрза и знаел да се стави на вакво темпо, но замислете да ви понудат ваков начи на живот во името на науката.

Научниците од Универзитетот Темпл спроведоа експеримент, кој го претставува токму тоа. Тие натерале неколку волонтери да консумираат 6.000 калории на ден во форма на плескавици и пица за седум дена. На учесниците притоа им биле забранети секакви посериозни физички оптоварувања.

54eaf9afd94a4_-_clx-better-burger-patty-de-1318570

Резултатите го покажале очекувано штетниот ефект од јадењето на толку многу храна без никакво движење.

Тежината на учесниците во експериментот се зголемила во просек за 3,5 кг. за една недела, а само за два дена нивото на гликоза во крвта им скокнала значително и развиле предуслов за дијабетес тип 2.

Секојдневието на многумина во светот е составено од пица, хамбургери и оброци од овој вид, вели Салим Мера, кој што е еден од авторите на студијата.

Според друго истражување на Бостонскиот универзитет честата конзумација на хамбургери се поврза со зголемен ризик од прекумерна тежина.

pizza-ftr

- Реклама -