Градскиот менаџер Горан Весиќ даде изјава дека до 1 Април 2016 година, нема да постои куќата на „Големиот брат“. Се укинува просторот за реалити програмата.
Градоначалникот на Белград Синиша Мали и Горан Весиќ најавија дека веќе наредната година славната куќа ќе биде срушена.
Да се потсетиме дека куќата беше изградена во 2006 година кога е приказана и првата сезона од реалното шоу, а моментално во неа се снима и новата сезона која започна на 4 септември.