Антони Санчез, висок функционер во државната администрација во сојузната држава Калифорнија беше снимен од својот сосед како го тепа посинокот со ремен, бидејќи детето не успева да го фати топчето за бејзбол.
Во еден миг од видеото, соседот Оскар Лопез започнува да му вика на Санчез, да престане да го тепа детето заради неможноста да фати топче, на што овој враќа – зарем ти ќе ми кажеш како да го воспитувам своето дете?
Оскар Лопез дури се обидува да се конфронтира со соседот, велејќи му да дојде и да ги одмери силите со него, наместо со беспомошното дете, но Санчез ги игнорира неговите провокации и го внесува детето во куќата. Набргу потоа, загрижениот сосед пријавил во полиција и ја предал снимката на медиумите.
{youtube}8lLfyEqgIEw{/youtube}
Подоцна во денот, очувот бил уапсен од полицијата под сомнение за злоупотреба на деца, но излегол од затвор со кауција од 100.000 долари. Мандатот на Санчез му завршува во 2014 година, но по овој испад нејасно е што ќе се случи со неговото работно место. [California official arrested in videotaped beating during game of catch]