Посигурна врска, посигурни оргазми

Една жена најлесно достигнува оргазам кога се чувствува безбедна со партнерот, покажува новото истражување на научниците од Харвард. Чувството на сигурност и доверба ги зголемува шансите за врвно задоволство. Затоа претставничките на понежниот пол кои имаат секс со мажи кои ги сакаат, имаат 45% поголема веројатност да стигнат до оргазам.

 

Оние кои се заинтересирани само за физичко задоволство, а не од емоционални односи, имаат 37% шанса да доживеат оргазам. Интересно откритие е дека жената има  за 18% поголема веројатност да доживее кулминација, ако се допира сама, велат експертите од Харвард.

- Реклама -