Посен плазма ролат со банана

Потребно е:

2 кисели јаболки

4 банани

250 гр. шеќер во прав

250 гр. маргарин

300 гр. посна мелена Плазма

Шлаг (со вода) или стопено чоколадо за готвење.

Подготовка:

Јаболките изрендајте ги ситно, изблендирајте ги бананите, плазмата помешајте ја со стопениот маргарин и шеќер . Расукајте ја кората од оваа смеса на алуминиумска фолија со дебелина од околу 1,5 см. Ставете одозгора 2 цели банани по должина. Свитјате ролат и добро оладете го, па премачкајте го со шлагот.

- Реклама -