ПОСЕН КОЛАЧ СО МОРКОВИ: Брз десерт со состојка која му дава посебен шмек

Потребно е:

2 чаши рендани моркови
1 чаша кафеав шеќер
половина чаша масло
1/4 чаша сок од јаболко
1 лажичка екстракт од ванила
2 чаши брашно
1 лажичка прашок за пециво
половина лажичка сода бикарбона во прав
половина лажичка цимет
прстофат сол
1 чаша сечкана чоколада за готвење

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во поголем сад измешајте ги ренданиот морков, кафеавиот шеќер, маслото, сокот од јаболко и екстрактот од ванила. Посебно во сад измешајте брашно, прашок за пециво, сода бикарбона, цимет и сол. Додадете ги сувите состојки во влажните, па постепено измешајте ја смесата додека не стане компактна. Потоа измешајте го сечканото темно чоколадо. Смесата истурете ја во плех обложен со хартија за печење. Се пече околу 35 минути, во рерна загреана на 180 степени. Изладената торта исечкајте ја на парчиња и декорирајте по желба. Добар апетит!

- Реклама -