Иако пролетта сеуште не ни се покажала во нејзиниот полн сјај, веќе можеме да започнеме со посветли бои. За вас одбравме фустанчиња, макси, мини и миди, лелеави, спортски и гламурозни. Изборот е огромен а бојата која дефинитивно ќе ја означи оваа сезона, е зелената. Впрочем, ова беше бојата која долго време чекаше да дојде на ред. Таа го симболизира оптимизмот, ги одмора очите и одлично прилега во комбинација со останатите бои. Освен тоа, доаѓа во сите нејзини тонови. Смарагдна, ментол, неноска, маслинеста, пастелна и во боја на тревата. За црнокосите е препорачлива смарагдната, маслинестата одлично им прилега на бринетите, на блондинките најдобро им стои пеперминт, а на црвенокосите одлично им прилегаат буквално сите нијанси на зелена.