Лондонскиот фотограф Max Eicke ја опишува садо-мазо заедницата како паралелен свет. Поминал три години понирајќи во и надвор од тие кругови во Германија и Британија, интервјуирајќи ги и фотографирајќи ги професионалните доминатрици т.е. домини (жени што доминираат), субмисиви (жени што се потчинуваат) и свичови (жените што го прават и едното и другото, наизменично). Фото-книгата Dominas е кулминацијата на неговата соработка со овие жени.
А нив ги има од секакви професии, од секаква позадина (во смисла на минато) и од секакви мотиви. Некои од нив го прават тоа бидејќи уживаат, други немаат други опции. Меѓу нив има и такви што студирале медицина или бркале „кариери“ на полето на грижа за сериозно болни пациенти.
Многу од нив повлекуваат строга линија меѓу нивните професионални и лични животи, а другите допуштаат границите да избледат. Дел од нив ја опишуваат својата работа како „игра“, додека животот на домина им е „реалниот живот“.
„Мажите играат со модел-возови и коли“, вели една од жените. „Јас играм со мажи“.
[spoiler title=’Повеќе за фото-проектот (кликнете тука)’ style=’default’ collapse_link=’true’]
Инаку Ејк не бил заинтересиран да фотографира „фрик шоу“ и уште од сам старт ги тргнал стереотипните претстави за доминатриците настрана. Првиот контакт го остварувал преку телефон, но со тек на време и многу искреност, ја освојувал довербата од своите субјекти.
Текстот во книгата Dominas е токму изваден од деталните и интимни разговори на Ејк со неговите субјекти. Некои од нив му довериле нешта што ги немаат кажано на никој друг. Пред сé, признава Ејк, тоа е затоа што никој друг не се нафатил да ги чуе нивните приказни толку искрено.
„Таа безмалку заплака, и имав поделени чувства околу убавината и тагата во тоа што ми го раскажа. Одеднаш ја почувствував одговорноста што ја имаш кога ќе освоиш нечија доверба“, раскажува Ејк.
Од друга страна, овие портрети се различни од сликите што сме навикнати да ги гледаме во адвертајзингот, бидејќи не се фотошопирани како тие на насловните страни и фото-сесиите од моделите. Оттаму и субјектите на Ејк имале различни реакции. Некои ја ценеле искреноста во приказот, други посакувале фотографиите да се ретуширани.
[/spoiler]