„Порталб“: Се сквернави албанскиот јазик на таблите на институциите

На таблата пред Владата не, ама на останатите често се сретнува лош албански.

Пред да се избере целокупниот кадар на Агенцијата за спроведување на законот за јазиците, во Република Северна Македонија итно е потребно да се основа Комисија за лиценцирање на лектори за албански јазик, пишува Порталб.мк.

Само така ќе се запре сквернавењето на албанскиот јазик на таблите и во документите на институциите, како и во пошироката употреба, пишува порталот, посочувајќи дека во Северна Македонија станало грда пракса да се прават многу грешки при употребата, а поради немање стручна контрола и лиценцирани лектори.

А за да има лектори, треба прво да постои Комисија за лиценцирање на истите, како што постои Комисија за лиценцирање на лектори за македонски јазик, која според Законот за македонски јазик се формира од Министерството за култура, а се состои од претседател и четири членови – професионалци во областа, кои се избираат со четиригодишен мандат и можност за повторен избор. Задача на Комисијата, секако, е да спроведува тестирања за лиценцирање на лектори.

Прочитајте и:  Таравари: Албанскиот јазик не е рамноправен со македонскиот и мора да се врати на она што беше пред 1991 година

Повеќе на „Мета“ и на „Порталб“.

- Реклама -