Познатата американска комичарка – Џен Тисдејл, на шега се пријавила да снима филм за возрасни со порно-ѕвездата Џејмс Дин. Се чини дека шегата и ја сфатиле сериозно, па ја ангажирале.
Пред да премине на работа, Џен морала да помине низ куп тестирања на сите познати полови болести, како и проверка на личната и работната историја. По неколку седмици, дошло времето за снимање. Како што раскажува Тисдејл, открила запрепастувачки нешта, кои порно-индустријата ги крие од очите на публиката.
Менструацијата не го попречува снимањето
„Го предупредив Џејмс дека мојата наскоро ќе почне, и прашав што обично прават професионалците во таков случај“, раскажува таа. На кратко, одговорот бил дека „шоуто мора да продолжи“. Сексот за време на менструацијата би требало да им пречи на повеќето мажи, но очигледно професионалците немаат таков проблем. Наместо да застанат, Дин предложил да се преместат под тушот.
Снимањето не секогаш завршува со оргазам
И покрај репутацијата на секс-ѕвезда, Дин не успеал да ја доведе Тисдејл до оргазам. Додуша, таа вели дека тоа не и пречело. „Постојат милион нешта што можете да ги правите во креветот за да го направите сексот забавен дури и кога нема оргазам. Дин толку многу пати го правел ова и знае како да направи жената да ужива“.
И порно ѕвездите се грижат за задоволството на своите сексуални партнери
Кога гледате порно филмови, се чини како се да се сведува на задоволството на еден од партнерите, особено на мажите. Напротив, Тинсдејл била воодушевена кога Дин ја прашал што сака таа во сексот и како најмногу ужива. „Уште пред почетокот ме праша што сакам и што не сакам, и искрено му одговорив. Тој немаше никаков проблем со тоа“.
На шега, на смеа, некој по нешто поднаучил.