Порно фотографии од Арнолд Шварценегер

Arnold_Schwarzenegger-650x487

Акциониот глумец и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер би можел повторно да се најде на сред скандал.

Неодамна беше пронајдена негова фотографија од младите денови извадена од видео од сексуален акт, која порно сајтот „You Porn“ сака да ја објави на нивната страница.

Според Пишувањето на „New York Post“, фотографијата е пронајдена во стара кутија која припаѓала на покојниот основач на списанието „Penthouse“, Боби Гучионе.

„Скокотливите“ фотографии ги открил сегашниот сопственик на магацинот, Џереми Формер. Како што изјавил и самиот во кутијата се наоѓаат и други интересни предмети како голи фотографии од Мадона и американската манекенка Лори Хатон. Засега се уште не е познато дали Формер ќе ги продаде фотографиите на „YouPorn“, кои засега имаат понудено 150 000 долари.

Шварценегер, кој во моментов работи на акциониот филм „Последна битка“, неодамна изјави дека би сакал да се кандидира за претседател.

- Реклама -