Порно актерка ја брани својата професија на ТВ емисија

Порно-ѕвездата Бел Нокс, студентка на престижниот универзитет Дјук, моментално води кампања за да ги освои срцата на Америка. Неодамна, таа гостуваше во тв емисијата The View, каде што постари дами и се чудеа на животните одлуки и она што го прави за да заработи за живот.

knox770_634x589[1]

Меѓу неколкуте изјави што ги шокираа водителките, Нокс рече дека почнала да гледа порно на возраст од 12 години, но и дека нејзината кариера ја тера со благослов од нејзините родители.

Поранешната Плејбој зајачица, Џени Мекарти, пак, ја праша што се случило што ја натерало „од слатка невина средношколка“ да стигне до тоа да снима порно. Одговорот на Нокс: „Школарина од 60.000 долари годишно, ете тоа се случи“. За дополнително да ги збуни гледачите, таа додаде дека во нејзината одлука имала улога и желбата за женска еманципација и чувството на моќ сама да одлучува за нејзиното тело.

479420729[1]

Бел ги спомна и лошите страни на она што го прави, вклучувајќи ги заканите по нејзиниот живот, петициите за да биде избркана од универзитетот, но и ѓубрето со која останатите студенти ја гаѓале за да ја понижат.

Како и да е, таа не е сигурна дека сака да продолжи со снимањето порно откако ќе дипломира – нејзината цел е да стане адвокат за правата на жените. Сепак, пред да го направи тоа, Бел има уште 25-30 порно видеа што чекаат да бидат објавени.

- Реклама -