Ете, дојде и денот кога не мораш веќе да отвараш incognito таб за да одиш на Pornhub. Од скоро, порно сајтот нуди и нова „услуга“ – сексуално образование. Во една прилика (не прашувајте каква), решивме малку да разгледаме.
Уредничката на Pornhub велнес центарот е д-р Лори Бетито – психолог со 25-годишно работно искуство во психотерапијата, специјализирана за секс терапија. Меѓу другото, таа ја има напишано и „Секс библија за луѓе постари од 50 години“. Иако сум далеку од таа група, сепак ми се чини дека е подобро кога ќе бидам во средовечна криза да дадам пари за вакво четиво, отколку за Харли Дејвидсон или за спортски автомобил што му прилега на 25-годишник.
https://youtu.be/lwq6EPO4vMY
Во одделот Your body („Твоето тело“) ќе најдете податоци за основните сексуални анатомии. Во делот кој го опишува женското тело наидов на првото изненадување. Како возрасен маж, знаев дека сум прилично просечно упатен во стварите, ама испадна дека не сум. Еве, на пример, немав појма дека при стимулација на клиторисот, следува зголемување на крвниот притисок, се менува длабочината на вагиналниот канал и се подигнува матката. Во поглавјето за машка анатомија немаше изненадувања (фала богу). Во поглавјето за транс луѓето може да добиеш вртоглавица, а главната поента кој секој нормален (од аспект на интелигенција и разумност) мора да си ја „врзе во крпче“ е дека „нема причина да се срамите ако транс жените ви се привлечни“. Да, ова се однесува на огромниот број мажи кои откако ќе сфатат дека се попалиле на трансџендер, одлучуваат дека најдобар начин да ја вратат својата машкост е со изливи на насилство – оттаму и називот „транс паника“.
Следен е делот за полово-преносливи болести. Штом влезеш во таа секција, цело тело почнува да те чеша, ти текнува на секој можен младеж и пега на твоето тело, и веќе почнуваш да пресметуваш за колку месеци отприлика ќе умреш. Кога веќе сме кај паранојата, најмногу ме исплаши Molluscum contagiosum вирусот. Како прво, нема друго име освен латинското, така што претпоставувам дека овде никој и не знае за него. Потоа, пренослив е и преку облека, а не исклучиво преку сексуален пат. Симптомите – чешање! Океј, готово, умирам… Се лечи со замрзнување и пуштање на струја низ телото. Дап, од денес сум во целибат…
Ако пак сте манијак на кој уште не му е јасно дека сексот подразбира доброволен чин од двете страни, тука ќе најдете и кристално јасен текст кој објаснува зошто ич не е океј да водите љубов со некој кој тоа не го сака. Ако во делов нешто ве зачуди, сериозно да си се преиспитате.
Друго, можеби некаде сте прочитале дека сексот за време на менструација е проклето добар (+18 четиво, пазете се од сликите). Сега тоа го потврдува и д-р Бетито. Таа нé запознава со едно згодно помагало кое сексот за време на циклусот го прави достапен и за гадливите, и за луѓето кои не сакаат да перат постелнина. Се работи за направа наречена Flex, која ја собира крвта. На пазарот би требало да се најде наскоро.
Ова е само дел. На Pornhub ќе најдете и други корисни нешта. Што се однесува до тоа дали сакате Pornub да ви стои во History само заради едукативни цели, оставаме на вас.
Текстот е оригинално објавен на Vice.