Нашиот концепт е секогаш да бидеме едноставни, брзи и вкусни. Користиме висококвалитетни намирници и готвиме со премногу љубов и внимание. Домашно лепче и парче свинско месо, плус додаток прилагоден за локалниот пазар, спакувано во амбалажа за конзумирање во движење. Доколку нѐ посетувате за прв пат нашиот тим ќе Ви препорача да пробате porchetta сендвич.
Porchetta потекнува од Италија и е обескостено, сролано зачинето свинско месо, кое се пече со кожа околу 8 часа. Иако потекува од централна Италија, таа е традиционално јадење низ целата земја и се служи во лепче и обично се продава во мобилни комбиња кои ги следат сите културни настани, јавни настани и празници.
За краток период доживува голема популарност и побарувачка и сега е достапна речиси во секоја светска метропола. Секој регион си дава посебен шмек на истата и ја изменува, па така сега постојат преку илјадници комбинации на porchetta сендвич.
Нашата Porchetta е исто така прилагодена за нашиот пазар, посебно внимаваме да не е премногу масна а, истовремено, да е сочна.
Како основа избравме домашно лепче изработено од кисело тесто кое зрее 72 часа, истото се премачува со дресинг на база на лук и рен кој одлично прилега со свинско месо. Како додатоци користиме рукола рендани кисели краставички и ситно сецкан млад кромид.
Многу сме среќни што и скопјани од неодамна можат да ја дегустираат. Нашиот прв pork&bread локал се наоѓа во центарот на градот.
Повеќе на официјалниот вебсајт и на Инстаграм.
* Текстот е објавен во соработка со Pork&Bread