Порано работев за владата, сега работам за јавноста

Порано работев за владата, сега работам за јавноста – пишува во биографијата на тазе отворениот профил на „Твитер“ на Едвард Сноуден.

Тој за само еден час успеа да собере околу 163 илјади следачи (бројката расте постојано).

Моментално Сноуден следи само еден профил – на NSA.

Еден од неговите твитови гласи: „А сега имаме и вода на Марс! Мислите дека проверуваат пасоши на граница? За пријател прашувам“.

Се претпоставува дека Сноуден во моментов живее во Русија.

- Реклама -