Порано Англичаните пиеја најмногу чај, сега сé е испомешано

Во Финска се пие најмногу кафе, а во Турција – најмногу чај, стои во извештајот на Меѓународната организација за кафе.

Како што пренесува британски „Телеграф“, еден просечен Финец пие по 12 килограми во цела година, додека Норвежаните и Исланѓаните – 9,9 и 9 килограми. На врвот и натаму се и Данска (8,7 килограми), Холандија (8,4 килограми), Шведска (8,2 килограми), Швајцарија (7,9 килограми), Белгија (6,8 килограми), Луксембург (6,5 килограми) и Канада (6,2 килограми).

На изненадување на многумина, на листата најголеми обожаватели на чај, Британците се најдоа на третото место, по Турција и Ирска.

МИА

Прочитајте и:  Заборавете на лековите: Ова се 5 магични чаеви кои засекогаш ќе ви ги решат дигестивните проблеми
- Реклама -