Поранешните вработени во СЈО бараат јавно извинување од претседателот Пендаровски

Поранешните вработени во Специјалното јавно обвинителство побараа јавно извинување од претседателот Стево Пендаровски, поради, како што велат, крајно некоректната и срамна изјава во дел од неговиот говор на одбележувањето на Денот на републиката – 2 Август, во Пелинце.

Како што објаснуваат тие, нивната замерка се однесува на следниот дел:

Нашите граѓани, со право, се разочарани кога гледаат дека обвинителството кое беше симбол на сите наши надежи за расчистување со организираниот криминал, се распадна како последица на тоа што и самото стана дел од организираниот криминал…“

Со оваа изјава, тврдат поранешните вработени во СЈО, во која Претседателот недвосмислено зборува токму за ова обвинителство, тој ги поистоветува сите вработени, без исклучок, како да се тие дел од организиран криминал:

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

„Обвинителството не го сочинуваше само една личност, па оттаму крајно некоректно е сите вработени да се поистоветат со постапките на една личност и притоа нивниот труд да биде девалвиран… Ниту една постапка на вработените не придонесе за распад на институцијата, туку истата е укината со политички договор.

Бидејќи никој, а особено не Претседател на држава, не може и не смее да обвинува од говорница, бараме Претседателот јавно да се извини на сите кои беа дел од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и да ја повлече ваквата срамна изјава во најкус рок“, бараат тие.

- Реклама -