Поранешниот пратеник Андонов починал при пад од кров

Тој членуваше во Буџетскиот совет на Собранието, а беше и во составот на комисиите за економски прашања и за финансирање и буџет. Исто така, беше дел од собраниските пратенички групи за соработка со парламентите на Белгија, Чешка и Шпанија

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Миле Андонов, починал при пад од кровот на својата викенд куќа на планината Осогово, каде што извршувал градежен зафат, соопшти полицијата.

Лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Андонов беше дипломиран економист, а во три мандати, во периодот од 2008 до 2016 година беше дел од пратеничката група на СДСМ.

Андонов повеќе години водеше приватен бизнис во областа на текстилството. Почина на  62-годишна возраст.

- Реклама -